Со оглед на тоа дека возилата сè повеќе се дефинираат според нивните дигитални карактеристики, технолошките компании бараат потесно партнерство со производителите на автомобили

Новата соработка помеѓу Google и Fiat е најекстремниот пример досега. Три нови специјални изданија на Fiat 500 – Fiat 500, 500X кросовер и 500L MPV – се брендирани од Google, од употреба на корпоративни бои на технолошкиот гигант во навлаките на автомобилските седишта, до поставувањето на беџовите „Hey Google“ над предното тркало. Овој вид брендирање во автомобил не е невообичаен, но ова е првпат да го видиме логото на технолошка компанија од надворешната страна на едно возило. Секако, сите три возила доаѓаат со 7-инчни екрани на допир со вграден Google асистент, но нудат и некои уникатни карактеристики благодарение на интеграцијата со услугата Fiat Mopar Connect.

Тоа ќе им овозможи на корисниците далечинско следење и управување со одредени аспекти на автомобилот преку дигиталниот асистент на Google на телефонот или Google Nest Hub. Корисниците можат да го проверат нивото на гориво во автомобилот, да видат дали е заклучено, да ги вклучат светлата за итни случаи или дури и да го најдат најблискиот сервисен центар на Fiat. До сопственикот може да се испраќаат и предупредувањата ако автомобилот надмине одредена брзина или напушти одредена географска област (не сите од овие карактеристики ќе бидат достапни ширум светот.)

Она што е оригинално во врска со ова партнерство, доаѓа од промените во дизајнот на Fiat. Забележливи се тапацирите на Google, како и надворешните значки, а ознаките на седиштата се означени со логото „Hey Google“. Според Motoring Research, автомобилите, исто така, доаѓаат со Google торба, која вклучува Google Hub, соодветна обвивка za клучот и детално упатство за поврзување. Новиот Fiat 500 ќе биде достапен само во 10 европски земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија, Италија, Австрија, Швајцарија, Белгија, Холандија и Полска.