Formula 1 одамна не била сведок на несреќа каква што доживеа Ромен Грожан во првиот круг од трката за ГН на Бахреин

По контакт со болидот на Даниел Квјат, Французинот удри директно во заштитната ограда, а неговиот Haas буквално се преполови и во ист момент почна да гори.

За среќа, Грожан помина без сериозни повреди. Веќе известивме дека има изгореници на рацете и глуждовите, но од местото на несреќата замин без било каква скршеница и со главата на рамена, благодарение на „хало“ заштитата, како што и самиот изјави подоцна.

Директорот на трката на ФИА, Мајкл Маси ја коментираше ситуацијата: 

„Секако, тоа беше тешка ситуација. Никогаш не сакате да гледате такви сцени, големи несреќи, а особено кога вклучуваат и оган. Повеќе од сè ми е мило што Ромен е во ред. Тој е добро згрижен во болницата и му посакуваме многу брзо закрепнување“, изјави директорот на трки при FIA, Михаел Маси, кој воедно најави и детална истрага за несреќата. 

По завршувањето на трката, Себастијан Фетел се чудеше како заштитната ограда попуштила толку многу што болидот на Haas буквално ја пресекол. За Феетел е невообичаено и палењето на болидот и покрај бројните безбедносни мерки дизајнирани за заштита од пожар.

„Како дел од секој инцидент што се случува, FIA започнува целосна истрага. Дури и за време на трката, нашите тимови започнаа да ги собираат сите достапни податоци, вклучувајќи ги и снимките од камерите од сите достапни агли“, вели Маси.

„Нашиот технички тим прави и фотографии од состојбата на болидот, кој потоа се враќа во тимот. После тоа следи целокупната анализа на сè, до најмалите детали, за да видиме што можеме да научиме. Безбедноста секогаш се развива, секогаш се подобрува. Можете да научите нешто од секоја ситуација“, дополнува Маси.

Оваа ситуација навистина докажа дека безбедносните стандарди се на високо ниво, но вистинската среќа во несреќа е што Грожан успеа толку брзо да излезе од запалениот брод и не беше сериозно повреден.