Ferrari во ново руво за прославата на својата годишнина во Муџело
На Големата награда на Тоскана, италијанскиот тим ќе го оствари 1000-от старт во Formula 1.
Големиот јубилеј Ferrari ќе го прослави со нова или поточно речено стара шема на бои. Имено, тимот од Маранело ќе го обои својот болид во боите од 1950 година. Новата шема на бои во голема мерка е направена според првиот дизајн на болидот кој учествувал во Formula 1.
Интересно, според Тоби Грунер, кој работи за германскиот магазин Auto Motor und Sport, Ferrari нема да биде единствената екипа која ќе има посебни бои на трката во Муџело.
Not only Ferrari is running a special livery. There is another car that got a new look for Mugello. #F1 #TuscanGP https://t.co/kpIoDdGGM2
— Tobi Grüner ? (@tgruener) September 9, 2020