Тимот на Ferrari во местото Реџо Емилија, пред многу гости и фанови на марката, го претстави болидот со кој се надева дека конечно ќе го прекине шампионскиот пост

Новиот болид го добил името SF1000 затоа што во Канада или Франција (во зависност од тоа дали ќе се одржи трката во Кина), Scuderia Ferrari ќе ја вози својата илјадита трка во Formula 1.

На презентацијата присуствувале сите најважни луѓе на Ferrari, при што зборувале Луис Камилери, тимскиот шеф Матија Биното и двајцата возачи Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк.

Покрај тоа, на претставувањето компанијата ги повеле и „луѓето од сенка“ односно над 350 работници кои континуирано работат на подобрување на болидот и кои биле клучни во нивниот тим долги години наназад.

https://youtu.be/xPCetHY63RQ

Loading...