Ferrari доби дозвола да ја напушти Италија и да учествува на ГН на Австралија
Поради коронавирусот, скоро 16 милиони жители на Италија се во карантин
Голем број провинции во Централна и Северна Италија мораа да бидат ставени во карантин поради моменталната состојба со епидемијата на коронавирусот. Меѓу нив е и Модена, каде што се наоѓа седиштето на Ferrari. Оваа европска држава е втора земја во светот по бројот на заболени и починати луѓе од коронавирусот, поради што училиштата и продавниците се затворени, а спортските настани се одржуваат без публика.
Со оглед на тоа што ГП на Австралија е на програмата веќе следниот викенд, повеќето екипи тргнаа на пат кон оваа земја, но Ferrari мораше да побара специјална дозвола од своите власти за излез од Италија. Тимот за изданието Motorsport.it потврди дека ја добиле бараната дозвола да излезат во Модена и да се упатат кон Мелбурн. Сепак, сеуште не е познато дали оваа дозвола ќе важи и за трките во Бахреин и Виетнам.