Фатални сообраќајни несреќи: Патиштата со минимални ограничувања на брзината се најопасни!
Зголемувањето на несреќите во овие области потенцијално се должи на урбаната состојба, што значи дека има повеќе опасности кои учесниците во сообраќајот треба да ги избегнуваат
Веројатно сите знаевме дека автопатиштата се побезбедни, но Британците сега ова ни го објаснуваат и со помош на статистички податоци. Трагични сообраќајни несреќи поверојатно е дека ќе се случат на патишта каде се вози со помала брзина, од само 32 до 48 km/h, покажува новата студија на Керол Неш (брокер за осигурување возила во Велика Британија и Ирска).
Скоро 60 проценти или над 16.000 несреќи во 2019 година со фатални последици се случиле со брзина помала од 48 km/h (30 m/h). Зголемувањето на несреќите во овие области потенцијално се должи на урбаната положба што значи дека има повеќе опасности што треба да ги избегнуваат учесниците во сообраќајот. Кај нешто повеќе од секоја десетта несреќа со фатални последици учествувал пешак, додека кај 10 проценти од нив учествувал мотоцикл. Седум проценти вклучуваат велосипедисти, што укажува на тоа дека градските локации носат зголемени ризици.
Над 5.500 возачи загинале на делници со ограничување на брзината помеѓу 82 и 96 km/h, што претставува 20 проценти од сите смртни случаи.