Кларксон, Меј и Хамонд ќе ги видиме во нова авантура почнувајќи од 18 декември

Познатото трио го немаше долго време, што и не е чудно со оглед на ситуацијата со Covid-19 и неможноста за снимање. Како и да е, проблемите се надминати во меѓувреме и наскоро ќе можеме да видиме нови во низата специјални производи.

Од Amazon Prime одлучиле дека Grand Tour веќе нема „статичен“ дел од шоуто во шатор со публика, па шоуто всушност е сведено на низа авантури и специјални водители. Така, првите предизвици во новата сезона се за поранешните главни фаци на Top Gear се во Африка, поточно на островот Мадагаскар. Хамонд, Меј и Кларксон го започнуваат своето патување во сериски изданија на спортски модели, за подоцна да ги прилагодат за употреба надвор од патот.

Хамонд одбрал Ford Focus RS, Clarkson – Bentley Continental GT, додека Меј се решил да користи Caterham. Судејќи според трејлерот, нè очекуваат интересни авантури.

Loading...