Audi не се откажува од својот самовозечки и самолетечки концептен модел наречен Pop.Up Next

Германската компанија покажа модуларен систем кој се состои од електричен автомобил и мало беспилотно летало, или летало кое користи четири пропелери. На демонстрацијата на технологијата организирана од Audi прикажан е начинот на функционирање на овој напреден концепт за транспорт.

Имено, патникот избира локација каде што сака да пристигне. Малиот електричен двосед се „зема“ со беспилотното летало кое по воздушен пат го „доставува“ автомобилот до саканата локација. По слетувањето, патниците продолжуваат да патуваат со автомобилот, кој исто така, како беспилотното летало е целосно автономно, односно не е неопходно управување од човек.

Германската марка не дава повеќе информации за тоа какви батерии користи беспилотното летало или колку е дометот на двата дела од модуларниот систем. Покрај тоа и презентираниот концепт не е во „вистинска големина“. Всушност, станува збор за макета четири пати помала од предвидениот „вистински“ систем.

Одговорните во Audi полагаат големи надежи во овој амбициозен проект и наведуваат дека овој вид на транспорт може да оживее во следните десет години.

Audi на проектот работи заедно со Italdesign и Airbus.