Mazda во Лос Анџелес ја претстави новата генерација на својот компактен модел

Новата Mazda3 е претставена во хечбек и лимузинска верзија, а стилски потсетува на минатогодишниот концепт Kai.

Новата „тројка“ е првиот Mazda модел кој ја користи новата механичка платформа SVA (Skyactiv-Vehicle Architecture), како и новиот Skyactiv-X бензински агрегат. Тоа е првиот комерцијален бензински мотор во светот со компресионо палење, кој на почетокот на 2018 година освои две награди за технички иновации.

Иновативниот SKYACTIV-X користи со искра контролирано компресионо палење (SPCCI – SPark Control Compression Ignition), иновативен систем од сопствен развој на Mazda и овозможува фин преод помеѓу палење со искра на вообичаената смеса од воздух и гориво и компресионо палење на исклучително сиромашна смеса. Така се комбинираат предностите на бензинските мотори (како постигнување висок број на вртежи и чиста емисија) и дизел моторите (супериорен одговор и забрзување во ниски режими со ниска потрошувачка на гориво), подобрувајќи ја ефикасноста и вртежниот момент до 30% во однос претходниот бензински мотор Skyactiv-G, со намалување на просечната потрошувачка на гориво за 20%.

И покрај горенаведените технолошки подобрувања, Mazda3 првично ќе привлече потенцијални клиенти со својот атрактивен дизајн, кој е понатамошен развој на Kodo стилскиот правец веќе виден на претходната генерација на „тројката“ и други модели од јапонскиот производител.

И двете верзии на моделот сега изгледаат помодерни и поспортски, со нов, потенки фарови и нагласено извајана хауба, додека задниот дел од верзија со 5 врати повеќе наликува на купе моделот од сегашната генерација.

И додека надворешноста е стилизирана како „еволуција“ на претходната генерација, може да се каже дека ентериерот е значително променет во однос на сегашната „тројка“.

Внатрешноста на новата Mazda3 е дизајнирана во минималистички стил, со очигледна намера дека автомобилот да добие премиум примеса. Трикратниот управувач е посовремен од порано, додека 8.8-инчниот екран од мултимедијалниот систем е подобро поставен на контролната табла. Во салонот доминираат материјали кои, барем на фотографиите, изгледаат меки и софистицирани.

Моторизацијата ќе се разликува во зависност од пазарот. Mazda не ги објави спецификациите на погонските единици, но потврди дека понудата ќе вклучува 1.5, 2.0 и 2.5 литарски бензинци, како и 1.8-литарски дизел мотор. Што се однесува моторизацијата, достапни се 6-брзински мануелен и автоматски менувач.

Во однос на возните карактеристики, јапонскиот производител вели дека со новата Mazda3 на клиентите им се нуди подобрен i-Activ систем 4WD во комбинација со новиот G-Vectoring Control Plus систем, кој автоматски ја координира работата на системот за гориво.

Од Mazda велат дека е надграден и системот за потпирање, кој напред користи суспензија од Мекферсон тип и подобрена торзијапозади.

Новата Mazda3 е опремена со најновите електронски системи за помош кои ја подигнуваат безбедноста на повисоко ниво во споредба со претходната генерација (Front Cross Traffic Alert, Cruising & Traffic Support…).

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”141dqZaI8JByJoQb7Jx79OVHmjuRkdZiB” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Повеќе технички податоци и информации за тоа кога новата Mazda3 ќе стигне на пазарот на европската премиера на овој модел во март на Саемот за автомобили во Женева.