F1 Сингапур 2018: Нова победа на Хамилтон
Со новата победа на улиците на Сингапур, Хамилтон веројатно го зададе последниот удар на Ferrari и Фетел во однос на амбициите за освојување на шампионската титула
Британецот сега има предност од 40 поени на шест трки до крајот. Со оглед на тоа дека победата носи 25 поени, а второто место 18, Фетел може да ја освои титулата ако победи на сите наредни трки. Ако Хамилтон ги заврши сите трки до крајот на втората позиција, на крајот од сезоната, тој би бил во дефицит од два бода. Сепак, се чини, такво сценарио е малку веројатно. Реална надеж за Фетел постои само ако Хамитон има голем пех односно не заврши некоја од следните трки.
Што се однесува до самата трка во Сингапур, може слободно да се каже дека беше извозена една прилично монотона трка. Малку возбуда имаше на стартот кога Фетел го помина Верстапен и кога дојде до контакт помеѓу возачите на Force India од кој подебелиот крај го извлече Окон кој заврши во заштитната ограда, а на патеката го донесе возилото за безбедност.
? Rule No. 1? @ForceIndiaF1 #SingaporeGP ?? #F1 pic.twitter.com/mJsvI6PGVT
— Formula 1 (@F1) September 16, 2018
По рестартирањето, трката беше прилично статична. Тимот на Ferrari по којзнае кој пат повторно успеа да направи која Фетел го чинеше втора позиција. Фетел беше повикан на рана промена на гумите, по што на патеката се врати со ултрамеки гуми, на кои едвај успеа да ја заврши трката. Дури и времето на промена беше лошо избрано, бидејќи Фетел изгуби круг и половина зад Перез. Благодарение на тоа, Верстапен по промената на гумите успеа да излезе на патеката пред Фетел и да се врати на втората позиција.
Единствената возбуда на патеката потоа се случи кога водечките заобиколуваа група на побавни возила, кои пак поради својата борба не се тргаа од патот како што наложуваат правилата. Верстапен се обиде да го искористи моментот, се обиде да го нападне Хамилтон, но немаше каде да оди. Веднаш по поминувањето на побавните возачи, Хамилтон го врати водството од три секунди и продолжи да го диктира темпото до крајот на трката.
Traffic chaos was about the only thing that troubled @LewisHamilton at the #SingaporeGP pic.twitter.com/y42FM2G61T
— Formula 1 (@F1) September 16, 2018
На крајот, рангирањата на првите шест возачи останаа исти како и на стартот. Најдобар од останатите беше одличниот Фернандо Алонсо, кој со сеуште немоќниот McLaren во еден момент имаше најбрз круг и нов рекорд на патеката. Во Топ 10 на крајот завршија и Саинц, Леклерк и Хулкенерг.
Ако се споредат ланската и тековната сезона, се е исто. Хамилтон е многу подобар во вториот дел од сезоната од Фетел, а математика за Ferrari е сосема јасна – само победи до крајот на сезоната. Во секоја друга варијанта Хамилтон ќе ја одбрани титулата и ќе стане светски шампион по петти пат.
Првата од останатите шанси за Ferrari да тргне по нов пат е веќе за две недели и трката во Сочи за ГН на Русија.
2018 Singapore Grand Prix: Резултати
2018 Singapore Grand Prix: Race Highlights
2018 Singapore Grand Prix: Изјави по трката
Фетел: „Генерално, не бевме доволно брзи. На почетокот се обидовме да бидеме агресивни, но не успеавме“
Верстапен: „Тимот имаше одлична стратегија. Се обидовме да извозиме сопствена трка … Многу сум среќен со второто место“
Хамилтон: „Каква трка … Се чувствувам потрошен! Имав проблеми со сообраќајот, со побавните болиди, и на минута моето срце ми беше во уста … но некако успеав да стиснам на педалата“