Новите цени за возилата со странски регистарски таблички во соседна Србија се воведени поради усогласување на девизниот ценовник на патарини со тековниот девизен курс на еврото, велат од „Патишта на Србија“

Во Србија, веќе се применува новиот ценовник за патарини за возилата со странски таблички. Така, патарината за автомобил на потегот Белград до Ниш, која досега изнесуваше 6,5 евра, сега е седум евра.

Одлуката за нови цени дефинира и заокружување на цените во евра, така што вредноста од 0.01 до 0.49 евра се заокружува на 0,5 евра, 0,51-0,99 на евро.

Во прилог комплетниот ценовник во динари и евра: