Оваа 20-метарска јахта ќе ги израдува сите љубители на морскиот луксуз, а во продажба влегува во втората половина на следната година

Lexus LY 650

Луксузната филијала на Toyota, Lexus, е еден од синонимите за луксуз на четири тркала, а одсега и повеќе од тоа. Луксузната јахта LY 650 ќе може да си ја дозволат и да уживаат во неа оние кои не се грижат премногу за состојбата на својата банкарска сметка.

Од компанијата велат дека LY 650 е во иста категорија како и најмоќните модели на нивни автомобили – LS, LX SUV и LC Coupe, што значи дека станува збор за врвна понуда. Од компанијата ќе речат дека оваа јахта доказ за нивното постојано истражување и поместување на границите во внатрешни рамки но, исто така, и надвор од автомобилската индустрија.

Јахтата е долга 20 метри и се одликува со модерна технологија. Се придвижува со мотор на Volvo, има резервоар од 3.785 литри гориво, а во нејзиниот развој и производство соработуваат со компанијата Marquis-Larson Boat Group. Ако имате намера да си купите ваква јахта и да организирате забави на неа, треба да знаете дека може да собере 15 луѓе, додека за спиење има место само за шест лица.

Што се однесува до ентериерот, приложените фотографии најдобро раскажуваат сами за себе, откривајќи комплетен луксуз и гаранција за уживање.

Lexus LY 650 во продажба се очекува во втората половина на 2019 година, а цената се уште не е позната.