Возачот на Ferrari, Себастијан Фетел, e победник на Канадското ГП во Монтреал на патеката „Жил Вилнев“

Фетел триумфираше пред Валтери Ботас и Макс Верстапен и со освоените 25 бода го презеде лидерството во генералниот пласман пред Луис Хамилтон, кој трката во Канада ја заврши само како петти зад Даниел Рикардо од Red Bull.

Со новата сезонска победа, Себастијан Фетел приреди и голема радост на фановите на Ferrari обезбедувајќи ја првата победа во Канада по 2004 година, кога Михаел Шумахер триумфираше за последен пат со црвениот болид.

Пласман во бодови остварија и Кими Раиконен (Ferrari), Нико Хулкенберг и Карлос Саинц (Renault), Естебан Окон (Force India) и Шарл Леклер (Sauber Ferrari).

Веќе во првиот круг се случи сериозен инцидент откако Брендон Хартли заврши во заштитната ограда, а потоа се удри во Ленс Строл. Тоа значеше и крај на трката за двајцата возачи.

„Жешкиот“ старт за жал не значеше и интересна трка до крајот. Себастијан Фетел рано ја поведе трката и првото место го задржа до самиот крај. Единствениот кој имаше некаква шанса против Фетел беше возачот на Mercedes, Валтери Ботас, но токму во моментот кога имаше шанси да го престигне Фетел, поради непотребно агресивно возење направи голема грешка Излета во тревата, загуби 8 драгоцени секунди, по што за Фетел остана само мирно да ја извози трката до самиот крај.

Трката ја означи бизарен момент на почетокот на последниот круг. Организаторите направија грешка и мавтаа со заштитното знаме, иако до крајот недостасуваше уште цел круг.

Треба да се каже дека ова беше трета сезонска за Фетел или вкупно 50 во кариерата. Германецот се бори за петтата титула во најбрзиот циркус во светот за да се изедначи Хо Хуан Мануел Фаџо.

Следната трка е Големата награда на Франција за две недели, на 24-ти јуни.

Резултати:

2018 Canadian Grand Prix: Race Highlights

Генерален пласман (возачи):

Изјавија по трката:

„Да се вози вака прекрасна трка денес беше фантастично. Фановите на Ferrari ќе имаат вечер за паметење“, Себастијан Фетел

„Мислам дека резултатот денес беше максимумот. Можеби ако ја освоев пол позицијата ќе беше поинаку“, Валтери Ботас

„Мислам дека денес бевме одлични, компетитивни. Ова беше добра трка, уживав“, Макс Верстапен