F1 и Мајами договорија соработка од 2021 година
Formula 1 и Мајами начелно ги договориле сите услови за соработка односно одржување трка по градските улици на Мајами – особено околу стадионот Hard Rock
Иако првично се шпекулираше дека трката ќе се одржува во регионот покрај марината, поради проблеми со дозволите, градските власти и промоторот Стивен Рос решиле трката да се одвива околу стадионот.
Во заедничката изјава на Шон Братчес од Formula 1 и претставници на промоторот и сопственик на стадионот Том Гарфинкел се вели:
„Ние сме многу возбудени бидејќи можеме да објавиме дека Formula 1 стадионот Hard Rock се договорија за соработка околу одржување на првата трка во Formula 1 на нашиот стадион. Со оглед на приходите што може да ги оствари трката во Formula 1, очекуваме да има огромна добивка од година во година за целата заедница на Мајами. И заблагодаруваме на целата заедница за трпеливоста во изминатите неколку години. Со нетрпение очекуваме да го донесеме најголемиот тркачки спектакл во нашиот регион“.
На Twitter, Гарфинкл напиша дека трката ќе се одржи во мај што значи дека некои од трките планирани за тоа време ќе бидат преместени или елиминирани.
The world’s greatest racing @f1 has never been to S. Florida. Imagine people coming to this region from around the World in May. Multiple passing zones and world-class clubs and amenities. Barcelona, Monaco… Miami… make it happen. pic.twitter.com/OxxUP4NFUN
— Tom Garfinkel (@TomGarfinkel) October 15, 2019
Иако ќе бидат потребни помалку дозволи споредбено со претходната локација, сепак ќе треба да се добие дозвола од градот Мајами, а ова нема да биде лесна задача затоа што многу луѓе од градот се против одржување на трка од Formula 1 во нивниот град.