Ако во текот на возењето ви засветли црвената сјаличка за масло, тоа не значи само дека паднал притисокот на маслото во моторот, туку и дека треба веднаш да го запрете автомобилот и да го исклучите

Оваа предупредувачка сјаличка не значи дека треба да се наполни масло во моторот во блиска иднина, предупредува Волфганг Сиглох од германската агенција за инспекција на возила.

„Тоа е широко распространета и опасна заблуда“, посочува тој. „Предупредувањето е дека притисокот на маслото опаднал, односно возилото може да има голема дефект на моторот или можеби веќе се случил. Секој што ќе продолжи да вози и покрај ова предупредување, ризикува катастрофален дефект на моторот“, истакнува Германецот.

Истото важи и за некои други црвени или жолти светла во автомобилот, како што е оној со симбол на термометар, кој предупредува за проблеми со ладењето на моторот. Возачите потоа треба да го запрат возилото и да се обидат да ја пронајдат причината за предупредувањето. Помошта можеби ќе ја најдете во упатството за возилото, или со повик до механичар односно производителот на автомобили. Ако е потребно секогаш е тука и влечната служба.