F1 2021 Azerbaijan Grand Prix: Pirelli ги објави прелиминарните резултати од истрагата по проверка на гумите
На вчерашната трка беа видени два големи дефекти на гумите на два различни болиди
Трката во Азербејџан ја обележа пукањето на гума на болидите на Строл и Верстапен, а од Pirelli потврдија дека по истрагата, оштетување било пронајдено и на гумите на Хамилтон.
„Откривме оштетување и на задната лева гума на Луис Хамилтон, предизвикано со преминување преку остатоци на патеката. Искеотината беше прилично голема, но не ја оштетило конструкцијата на гумата“, вели шефот на Pirelli за Formula 1, Марио Исола.
Тој не сакаше да претпостави што предизвикало пукање на гумите кај Верстапен и Строл пред да заврши целосно истрагата. Сепак, медиумите си извлекоа теорија од тоа.
„Она што го имаме од прелиминарните податоци укажува на тоа дека тие преминале преку некакви остатоци. Задната лева гума на оваа патека едноставно не трпи толку многу стрес. Ако требаше да пукне некоја гума, тогаш требаше да биде задната десна. Дефинитивно не е до потрошувачката на гуми. Другите гуми користени во истиот период немаа такво оштетување. Сите гуми ќе бидат испратени во Милано на анализа и резултатите ќе ги имаме многу скоро. Јас целосно ја разбирам грижата на возачите и никој не сака да гледа несреќи при толкава брзина. Верувам дека се остатоци. Ова го покажуваат прелиминарните резултати, а фактот дека немаше знаци пред инцидентот дополнително го поткрепува тоа“, изјави Исола по трката.