Еволуцијата на Ferrari од 1947 до 2017 година / ВИДЕО
Кој е вашиот омилен модел …
Ferrari е компанија која сите добро ја познаваат, а нивните возила се многу веројатно меѓу најпопуларните и најомилени суперавтомобили во светот.
Оваа автомобилска компанија со години, според многумина, ги произведува најубавите и најбрзи автомобили и е носител на многу рекорди. Ferrari со годините стана синоним за луксуз, брзина, естетика и трки, а за тоа се заслужни феноменалните автомобили кои никогаш нема да бидат заборавени.
Токму затоа ви донесуваме видео клип во кој се прикажани сите модели на Ferrari од 1947 до 2017 година. Во него имате можност да видите како се менувала линијата на Ferrari и како од класична oldtimer линија е стигнато до признати спортски линии и спојлери.
Се чини дека златната ера на флотата на Ferrari започнала во 80-те години на минатиот век, кога фабриката се фокусирала на создавање на специфични спортски каросерии и оттогаш овие возила се сон на секој човек.
Погледнете го видео клипот.