Идејата за крстарење, колку и да била атрактивна, за многумина секогаш е сосема спротивна на можноста за уживање во возењето. Сега, можете да се најдете и на средина од океанот, а сепак да уживате во магијата на управувањето, кривините и брзината

Благодарение на американска компанија која ги организира патувањата на Norwegian Cruise Line, патниците можат да уживаат во возење на картинг на специјална патека која се наоѓа на највисоката палуба на бродот Norwegian Bliss.

Од компанијата тврдат дека тоа е „најголемата поморска тркачка патека во светот“ веројатно без конкуренција.

Малите возила на четири тркала имаат електричен погон и може да развијат брзина до 48 km/h, што секако не е доволно за некои сериозни адреналински искуства, но секако за некој многу позабавно отколку само гледање преку оградата на прекуокеанскиот брод.

Погледнете го видеото.