Епа чини. Вака се заштитува боја на едно Ferrari / ВИДЕО
Неговата специјалност не е само во бојата која не е типична за овие автомобили
Ferrari Monza SP2 е еден од најубавите автомобили кои се појавиле последниве години. Иако за моделот нема многу детали, доволно е да го погледнете и веднаш да ви се јави желба да го провозите. А оваа темноцрвена Monza SP2 се издвојува од останатите со својата боја, која е заштитена со големо внимание.
Глобално познатиот „шеф“ Гордон Рамзи, има црна Monza SP1 со црвени елементи, но оваа верзија оди чекор подалеку. Темно црвена боја ретко се гледа, а скоро никогаш во комбинација со Ferrari.
Црвената боја е разбиена со сива лента кој се движи хоризонтално преку масивната хауба. Овој SP2 е посебен по тоа што неговата боја е засилена со слој од јаглеродни влакна што го штити. Во видео клипот во прилог, Topaz Detailing го открива процесот на заштита на бојата на автомобилот, во кое се гледа дека сите надворешни делови се обложени со заштитна обвивка, вклучително и деликатните внатрешни делови.
Како и Monza SP1, така и SP2 има 6,5 литарски V12 мотор и 799 КС. До стотка на час се стигнува за 2,9 секунди, а максималната брзина надминува 300 km/h.
Погледнете го целиот процес на заштита на бојата.