Крајно оптимистичка изјава од првиот човек на Tesla

За време на прес-конференцијата во врска со финансиските резултати и резултатите од продажбата на Tesla во првиот квартал од оваа година, Елон Маск даде многу интересна изјава. Според неговите проценки, Модел Y на Tesla ќе стане најпродаваниот лесен патнички автомобил во светот во 2022 или 2023 година!

Дали е можно? Во теорија е така да.

Тука станува збор за „лесни“ патнички автомобили, бидејќи „потешките“ според американската класификација вклучуваат пикап-камиони, каде Ford има главен збор со децении. Што се однесува до прво спомената категорија, светски број еден е Toyota Corolla. Јапонскиот модел минатата година достигна 1,1 милиони клиенти.

Се разбира, продажбата на Corolla падна како резултат на влијанието на пандемијата со корона вирусот, но дури и во такви услови, кога Tesla продолжи да расте со продажбата, американскиот бренд испорача вкупно 442.000 единици на Model 3 и Model Y. Да се ​​потсетиме, Tesla не објавува информации за продажба на индивидуални модели туку за Model S / Model X и нивните помали браќа и сестри Model 3 / Model Y.

Маск на неговата омилена социјална мрежа Twitter објаснува дека неговите предвидувања се засноваат на приходите генерирани од одреден автомобил, што звучи далеку помалку помпезно од првото соопштение, но додава дека во 2023 година, Model Y навистина може да биде најпродаваниот автомобил на глобално ниво.

Tesla предвидува раст на продажбата од околу 50% годишно за дуото од Д сегментот. Сепак, дури и со толку огромно зголемување, тие повторно не можат да у се заканат на лидерот Corolla. Доколку се постигне планираниот раст, тогаш Tesla би испорачала 663,000 единици на Model 3 и Model Y оваа година, додека во 2022 година таа бројка би достигнала 994,000.

И тука станува збор за кумулативна продажба, а не само за Модел Y… 

Значи, во пракса скоро тотално нереално.