Електрифицираниот наследник на McLaren P1 доаѓа во 2024 година
McLaren веќе работи на наследникот на суперавтомобилот Р1
Информацијата е потврдена од извршниот директор на McLaren, Мајк Флуит, кој вели дека новиот Р1 може да се очекува во 2024 година, како и тоа дека ќе биде електрифициран.
„Секако дека гледаме напред, ќе има хибриден или електричен погон. Ми се допаѓаат електричните автомобили. Имав можност да возам во последно време. Тие имаат неверојатни перформанси, но имаат проблем со времето на полнење“, рече Флуит.
McLaren веќе потврди дека е посветен на агресивно хибридизирање на својата гама, со тоа што прва на ред која ќе добие plug-in третман е Sport серијата. Наскоро ќе следат и други модели.
Флуит додава дека предлогот на британската влада да се укинат новите бензински и дизел мотори до 2035 година, а можеби и 2032 година и не е баш пријатен. Тој вели дека ќе се придружат на другите производители на автомобили во лобирањето хибридите да бидат ослободени од забраната, но исто така ќе се залага таква одлука да не мора да значи крај на неелектричните McLaren модели.