По многу години и големо заостанување на електричните автомобили во однос на продажбата, на германскиот пазар се случува клучна промена

Во првите седум месеци од 2021 година, електричните автомобили и plug-in хибридите бележат поголема продажба од дизелите. Регистрирани се вкупно 367.905 електрични возила, што е пазарен удел од речиси 22,6 проценти (официјалната статистика ги собира електричните автомобили и plug-in хибридите). Од друга страна бројката на регистрирани дизели е 361.151 (22,2 проценти). Секако најпродавани се оние со бензински мотори – 629.990 регистрации (удел од 38,7 проценти), а остатокот главно може да се припише на хибриди кои не можат да се полнат.

Трендовите се јасни, дизелите полека го губат статусот на пазарот, а многу производители ги заменуваат со хибриди и plug-in хибриди. Купувачите реагираат на ист начин, а треба да се напомене дека Германија финансиски го субвенционира купувањето електрични возила.