Електричните автомобили за Италијанците се моден детал?!
Дека Италијаните за естетика и мода секогаш имале смисол воопшто не е под знак прашање. Една шегобијна поговорка вели „Облечи стрептокока во фенси облека, Италијанците ќе се радуваат на настинката“. Таков е случајот и со електричните автомобили, барем според мислењето на првиот човек на најголемата европска енергетска компанија Enel
Додека во други делови на светот, поради добрите возни перформанси и загриженоста во врска со судбината на планетата поради загадувањето од согорување на фосилните горива, голем број на клиенти ги насочуваат кон електричните возила, Италијанците дополнително ги води и желбата да се биде во sklad со модните трендови, па дури и пред останатите по тоа прашање, смета првиот човек на Enel, Франческо Стараче.
„Италијанците ги сакаат електромобилите бидејќи се новина и затоа што е тоа помоден концепт“, вели тој. „Дополнително, тие се многу забавни за возење. Ако судите за Италијанците, врз основа на овие факти, локалниот пазар за елктричните автомобили дефинитивно ќе биде во пораст“, продолжува шеесет и две годишниот Стараче, кој и самиот има два електрични автомобили: Tesla и BMW.
Според податоците со кои располага Bloomberg New Energy Finance, во текот на последните четири години, продажбата на електрични возила во Италија се зголемила двојно, а просечната квартална стапка на раст на 14% за периодот 2015-2017 година. Според овие критериуми, Италија се вклопува во европскиот просек.
Компанијата Enel, со седиште во Рим, и самата бара начини да профитира од растечкиот пазар. Во тој процес, е формирано партнерство со групата Volkswagen, со цел да се забрза продажбата на полначи, заедно со електричните возила. Enel ќе инвестира износ што варира помеѓу 100 и 300 милиони евра, со цел да се реализира планот за поставување на приближно 14.000 станиците за полнење на електрични автомобили во Италија до 2022 година.
Заедно со плановите на клучните производители, Volkswagen и Mercedes-Benz, насочени кон лансирање на нови електрични возила, помеѓу 2020 и 2021 година, вклучувајќи ги и инвестициите од повеќе милијарди евра во погони, главната можност за Enel би можел да биде на пазарот на персонални станици за полнење станици во Италија, вели Стараче.
„Под претпоставка да се продадат околу 300.000 електрични возила и само половина од нив да сакаат своја персонална станица за полнење, тоа е огромна можност за нас“.
Enel во октомври го купи капиталот на калифорниската компанија eMotorWerks, која испорачува станици за полнење на електрични автомобили и слично.
„Да се биде помеѓу пионерите во бизнисот со електрични автомобили, би можело да биде голема работа за оние кои ќе ја препознаат можноста“, вели Мередит Анекс, аналитичар на лондонската BNEF.
„Јавните и приватни станици за полнење на електричните автомобили претставуваат голема можност за оние кои имаат можност, комерцијално да го испратат растот на побарувачката“, вели таа.
Компанијата Enel е пред потпишување на договор за продолжување на партнерството со ABB FIA Formula E за следните пет години. Како дел од договорот, Enel ќе инсталира свои системи за управување со енергијата за секоја трка. Трките ќе се одвиваат во некои од најголемите европски градови.