Освен на големината на екранот, се чини дека главниот акцент на Apple во однос на iPhone X Plus ќе биде ставен на квалитетот на фотографирање и снимање видео – од задната страна ќе има три камери

Еден од досегашните фаворити за најдобар телефон за 2018 година е сигурно Huawei P20 Pro, кој е особено интересен за љубителите на добра фотографија. Кон ова во прилог е оцената на веб страната DxOMark каде камерата на овој уред има освоено дури 109 поени со што овој телефон е единствениот досега кој ја надминал границата од 100 поени, кога станува збор за камерата. Интересно, негов најблизок конкурент со 100 поени е Huawei P20.

Про верзијата на овој модел доаѓа со дури три задни камери и напредни технологии, вклучувајќи и вештачка интелигенција за снимање на што подобри фотографии, особено при услови на слаба осветленост.

Според гласините кои минатата недела ги објави изданието Forbs, се чини дека Apple се подготвува за нешто слично со претстојниот топ-модел на паметен телефон, iPhone X Plus, кој исто така, може да има три камери одзади. Освен тројната камера одзади и многу нови технологии, новиот iPhone би можел да има, дури пет пати оптички зум.

Сегашните модели со две задни камери (Plus моделите на iPhone и iPhone X) имаат двоен оптички зум, па ова ќе биде големо подобрување, но се чини дека оваа опција е наменета само за оние кои имаат намера да го купат најскапиот модел на телефон на Apple – X Plus.

Веќе е познато дека Apple во септември ќе претстави 6.1-инчен паметен телефон со LCD екран, наследник на iPhone X со OLED екран од 5,8 инчи и моделот X Plus, кој ќе има голем OLED екран од 6,5 инчи и според се досега, три камери.

Повеќето љубители на Apple веројатно ќе го посакаат токму овој паметен телефон, но неговата цена може да биде околу 1.100 долари за основниот модел, иако, според некои гласини, Apple jа научил лекцијата, па цените можеби ќе одат малку надолу.