Како квалитено да се провери однесувањето на автомобилите во кризни ситуации? Една таква проверка или тест е таканаречениот „тест на северниот елен“ кој го спроведуваат уредниците на YouTube каналот KM77.

Бројот 77 во името доаѓа од оптималната брзина со која автомобилот треба да помине низ означениот простор без многу потешкотии. Се разбира, без соборување на конусите.

Овој пат под „микроскоп“ бил ставен електричниот Volvo C40 Recharge. Автомобилоот има моќност од 408 КС, вртежен момент од 660 Nm и тежи приближно 2.200 килограми. За жал, на тестот не се покажал во добро светло. Најдобриот тест што успеал да го одработи е оној при брзина од само 70 km/h.

Конкурентите се многу подобри

  • Volkswagen ID.4 – 73 km/h,
  • Mazda CX-30 – 74 km/h,
  • Kia EV6 – 78 km/h
  • Tesla Model Y и понатаму е непоразрн во оваа класа и при 83 km/h