Моделот ќе понуди моќност од 204 КС и автономија од 420 километри

Шпанскиот Seat објави фотографии од својот прв електричен автомобил – хечбек моделот El-Born. Возилото всушност е варијација на Volkswagen I.D, со поагресивен дизајн.

Електричниот автомобил е позициониран како предсериски прототип и затоа е опремен со стандардни надворешни ретровизори. Визуелно автомобилот донекаде наликува на пред неколку дена претставениот хибриден кросовер Cupra Formentor. Сепак, од Seat нагласуваат дека некои елементи на екстериерот може да бидет отфрлени во сериската верзија.

И патничкиот салон на el-Born е во голема мера сличен на оној на Formentor. Тие имаат заедничка архитектура, екран на мултимедијалниот систем и управувач. Некои детали се со различна форма или распоред. Не е исклучено во сериската верзија салонскиот дел да остане ист како и кај прототипот.

Во основата на електричното возило на Seat е модуларната MEB платформа, која Volkswagen ќе ја користи за сите електрични модели од серијата I.D. Пропишаната од произвводителот автономија на el-Born со едно полнење на батеријатае е 420 километри, а погонот е електричен мотор со 204 КС, напојуван од батериски пакет со капацитет од 62 kW/h.