Fiat го прекина производството на Multiplа уште во 2010 година, но автомобилот остана интересен за многумина, како и за Јутјуберите

Fiat Multipla стана познат благодарение на својот необичен и контроверзен дизајн, кој му ја обезбеди титулата „најгрд автомобил“. Доволно е да се погледнат современите критики и сè ќе ви биде јасно веднаш.

Fiat го прекина производството на Multiplа уште во 2010 година, но автомобилот остана интересен за некои Јутјубери и други креатори на содржини.

Ниту оваа година работите не се сменети бидејќи Multipla сега глуми во најновото видео на AutoTopNL како дел од нивна првоаприлска шега. Што направил овој YouTube канал со автомобилот? Се обидел да го собори брзинскиот рекорд на автопат. Да, добро читате…

Сепак, ова не е обична Multipla, туку уникатна верзија. Според каналот, Ferrari и Lamborghini ги комбинирале ресурсите за да го создадат ова „Lamborghini Multiplа Super Veloce“. Multipla станала „SV“ со неколку аеродинамички помагала кои му помагаат на возилото да остане „залепено“ на патот. Има неколку елементи напред за дополнителна сила, додека на горниот дел од багажникот има широко задно крило.

Шала на страна, оваа Multipla користена во видеото не поставила никаков брзински рекорд. Во овој случај, под хаубата останал недопрен 1,6-литарскиот мотор со четири цилиндри од 103 КС (76 kW) и 146 Nm вртежен момент. Фабричките бројки укажуваат на максимална брзина од 170 km/h.

Целта на AutoTopNL всушност била „да се доближат до максималната брзина што ја тврди производителот“, но можеби сето тоа не успеало поради заморениот мотор, лошото време или некои други фактори, бидејќи Multipla дигнала само 140 km/h на еден дел од автопатот.