Кинеските производители на автомобили полека, но сигурно влегуваат на европскиот пазар

Nio и Lynk & Co се веќе присутни (производител е Geely, сопственикот на Volvo), а сега уште еден голем производител од Кина доаѓа во Европа. Автомобилската групација Great Wall Motors влегува со два бренда – Ora и Wey. Двете марки ги претставија своите возила пред јавноста пред речиси една година на саемот во Минхен, а реакциите беа одлични.

Ora Cat 01 привлече доста внимание со својот дизајн сличен на легендарната „буба“. Great Wall поработел на разликите со благи интервенции за да се избегне тужба на германскиот производител, но некои надворешни сличности сепак останале. Внатрешноста покажува дека се работи за високотехнолошки производ. Електричниот автомобил е долг 4,24 метри и наводно нуди многу простор во внатрешноста. Електричниот мотор развива 171 КС и 250 Nm, а возилото има погон на предните тркала.

Ora Cat 01

Батеријата од 63 kWh обезбедува 400 километри опсег по WLTP, максималната брзина на полнење е (денес малку помалку импресивна) 50 kWh. Сите главни системи се управуваат преку централен процесор, што ја намалува потребата за чипови. Камерите генерираат поглед од 360 степени околу возилото. Автоматизираниот асистент за рикверц снима растојание до 50 метри. 

Цената на почетниот модел би требало да биде околу 30.000 евра, а со стимулации.може да се дојде до прилично евтин електричен компактен модел.

Wey Coffee 01, од друга страна, е plug-in хибрид во класата на BMW X5. Долг е 4,87 метри и има вкупно три мотори – дволитарски бензински мотор и два електромотори. Вкупната моќност на системот е 476 КС, а менувачот е автоматски со девет степени на пренос.

Wey Coffee 01

Најимпресивен е електричниот досег од 150 километри, што овозможува сериозно возење само на струја.

Почетната цена би можела да биде околу 50.000 евра.

Засега автомобилите во Германија ќе ги увезува само Emil Frey Group, основана во 1924 година и со седиште во Цирих. Првите автомобили ќе бидат достапни на крајот од 2022 година.