Фантастични интернационални резултати за македонските Twingo CUP возачи изминатиов викенд. Демонстрираа квалитет, успеаа да се искачат на врвот и достоинствено да ја претстават нашата држава

Со својот маестрален настап  на тркачката патека Гробник, Хрватска, нашите Twingo Cup возачи за прв пат се искачија на подиумот во генерален пласман во конкуренција на 32 возачи од неколку земји.

На Гробник викендов се возеа две трки.

На првата трка во саботата, двајца македонски натпреварувачи се најдоа во првите 10 и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а најдобар во Македонскиот Twingo CUP. Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона – Давид Малинковски, додека пак трет по пласман беше младиот Мартин Костовски.

Особено драматична и возбудлива беше неделната, втора трка, на која целосно доминираа македонските возачи. Марко Блажевски и Давид Малинковски, иако тргнаа од четвртиот ред на стартот, по 25 минути возење на целта стигнаа на првите две места. Постојано беа меѓу најдобрите 8, се пробиваа низ патеката, и меѓусебе се поддржуваа. Таа тимска работа на крајот им донесе и голема радост.

Марко Блажевски е првиот Македонец кој триумфирал на FIA CEZ трка од Twingo CUP. Зад него беше Давид Малинковски пред унгарецот Лантос.

Воедно ова беше и финална трка на рамките од втората сезона на Twingo CUP каде трофејот за првото место му припадна на Давид Малинковски со вкупно 122 бода. Малинковски сезонава имаше четири победи на осум трки, Блажевски победи двапати, а по еднаш Мартин Костовски и Владимир Тренески.

Второто место во генерален пласман оваа сезона му припадна на младиот Мартин Костовски со освоени вкупно 82 бода, додека пак трет е Ангелче Стојковски со освоени 80 бода.

За следната година, во третата сезона на Twingo Cup планирано е возење на патеките на Серес – Грција, Гробник – Хрватска, Словакиаринг – Словачка, Red bull Ring -Австрија каде македонските Twingo CUP возачи ќе се борат за главната награда, а тоа е 100% електричен Renault Twizy.

Голема благодарност до нашите пријатели поддржувачи: Renault, Аутомотив Груп, Шпаркасе Лизинг, ПСС и Триглав Осигурување како и до Лема Рејсинг тим за успешната соработка.