Зголемената побарувачка и производството на електрични автомобили секако ќе се одрази на побарувачката за нафтени продукти на бензинските пумпи

Прогнозите велат дека во средината на следната деценија, побарувачката за овој вид гориво ќе се преполови, со истовремен раст на побарувачката за литиум-јонски батерии.

Истражувањето доаѓа од најразвиената европска земја, па се предвидува дека побарувачката на возачите на автомобили за нафта и бензин ќе се намали за цели 56% до 2035 година, ако дотогаш се мине на продажба само на електрични модели. Овој заклучок произлегува од документ потпишан од Еколошкиот институтот во име на германското Федерално министерство за екологија, со седиште во Фрајбург. Динамиката претставена овде се однесува на резултатите од продажбата на фосилни горива од 2020 година.

Префрлувањето на електрични автомобили во исто време значи дека би можеле да се заштедат значително повеќе фосилни горива отколку што би се искористиле за покривање на дополнителните потреби за електрична енергија на електричните автомобили. На среден рок, ова сценарио исто така би резултирало со „значително намалување на побарувачката за опрема за рафинирање нафта и нафтени производи“.

Еко-институтот испитувал како може да се развие потрошувачката на фосилни горива и метали во сегментите на класични (напојувани од мотори со внатрешно согорување) и електрични возила, се до 2035 година. Прогнозата е очигледна. Побарувачката за метали кои претежно се користат во литиум-јонските батерии би растела, со акцент на 2035 година кога би достигнала врв. Клучните метали во овој поглед се литиум, бакар, никел и кобалт. Зголемената употреба на рециклирани батерии, исто така, придонесува за подобро покривање на потребите.

Сосема спротивен тренд се бележи со побарувачката за метали кои се користат во системите за прочистување на издувните гасови кај конвенционалните автомобили. Тука се мисли на скапоцените метали поради кои често се крадат катализаторите: платина, паладиум и родиум. Побарувачката за нив ќе опадне. 

Авторите на студијата ја советуваат германската федерална влада да постави поамбициозни цели во однос на рециклирањето на суровините што ги сочинуваат батериите, како што веќе беше предложено од Европската комисија, и да посвети посебно внимание на решавањето на прашањето за ретки елементи во природата.