Еден автомобил уште во 1986 година имал екран на допир / ВИДЕО
Времето кога се дискутираше за автомобилите во однос на дизајнот и перформансите е одамна изминато. Сега некои други работи се поважни, особено карактеристиките на инфо-забавниот систем.
Внатрешноста на автомобилот кај клиентите се уште поминува без дигитален кокпит, но малкумина се подготвени да ја прескокнат инфо-забавната ставка со што е можно поголем централен дисплеј. Освен големината, важна е и резолуцијата и, се разбира, брзината на оперативниот систем.
Инфо-забавните системи како што ги знаеме денес се нудат нешто повеќе од една деценија. Сепак, првиот автомобил кој имал еден вид инфо-забавен систем со екран на допир бил претставен многу порано. Станува збор за Buick Riviera од 1986 година, а системот бил наречен Graphic Control Center (GCC).