За неупатените, овие тестови ги прави шпанското издание km77.com

Предметниот модел е придвижуван од 1.0-литарски мотор со 100 КС, со гуми Continental ContiEcoContact 6 – 225/45 R17.

Иако „скромен“, Tipo се покажал добар во речиси секоја ситуација на динамички план. Ова може да се почувствува на тестот на отворен пат, но и на тестот за избегнување пречки на патот. Првиот обид е направен со брзина од 77 km/h. Тој обид не бил успешен бидејќи конусите биле соборени, но истиот бил од помош со реакциите за време на тестот. По втората промена на правецот, дошло до значајно подуправување, па возачот се откажал, бидејќи било невозможно успешно да се заврши испитот. Сепак, она што тој го пријавил биле безбедни и сигурни реакции на автомобилот и отсуство на потскокнување.

Со цел правење успешен обид, возачот се одлучил тестот да го изврши со од брзина од 70 km/h. Имено, тимот бил убеден дека делумната причина за слабиот севкупен резултат е грешката во електронскиот систем за контрола на стабилноста, кој го кочел предното лево тркало, токму она на кој имали најголем потисок додека автомобилот се движел во другата лента. Друга причина биле гумите на Continental, кои не обезбедиле доволно стабилност во дадени ситуации.

Во следните обиди, при поголема брзина, возачот урнал барем еден конус. По уште неколку обиди, тој одлучи да го заврши тестирањето.

Генерално, реакциите на Tipo биле конзистентни, прилично „несмасни“, но и безбедни и лесни за контрола.

Што се однесува до „слаломот“, Tipo обезбедил лесно и мазно возење дури и при релативно голема брзина. Промените на правецот не биле остри, а наклонот на телото бил умерен. Сепак, електронската контрола на стабилноста почнува да интервенира со зголемување на брзината, особено интензивно на крајот од вежбата.

Pokémon BW: Adventures in Unova (Dub) (https://gogoanime.be/m/E86r) Episode 14

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime

Website https://animebee.to: Watch Gate Keepers 21 animebee Episode 6 watch anime dub

Imagination Practice Episode Full

Website https://animepahe.cc: Watch Chu Feng: Eden Zhi Zi animepahe Episode 3 anime stream