Германскиот производител објави фотографии и технички детали за моделите E-Tron S и E-Tron S Sportback, кои се позиционирани на самиот врв од понудата на електрични модели.

Верзиите со високи перформанси, E-Tron и E-Tron Sportback, како погон користат дури три електромотори – два на задната и еден на предната оска.

Резултатот е два во моментов најмоќни електрични модели од Audi, чиишто погонски системи произведуваат до 503 коњски сили и максимум 973 Nm, кои се достапни во краток временски интервал (од осум секунди), кога ќе се активира режимот „Ѕ“.

Во тој интервал автомобилите можат да забрзаат од 0-100 km/h за 4,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 210 km/h. Во стандарден режим на возење, E-Tron S и E-Tron S Sportback располагаат со 435 КС и 808 Nm.

Номиналниот капацитет на погонската батерија е 95 kWh, а од Audi објаснуваат дека употребливи се 86 kWh. Тоа е доволно за E-Tron S со полна батерија да помине максимум 364 километри, а за E-Tron S Sportback до 370 километри.

Двата модели се компатибилни со брзи полначи до 150 kW, а Audi тврди дека батеријата може да се наполни од 5 до 80% од капацитетот за околу половина час.

Audi e-tron S

Audi e-tron S Sportback

Audi E-Tron S и E-Tron S Sportback во салоните во Европа ќе пристигнат во текот на оваа есен.

E-Tron S во Германија започнува од 91.435 евра, а купе верзијата E-Tron S Sportback од 93.628 евра.

Loading...