Ако се од оние кои пораснале во 1980-тите, шансите за постер на барем еден од овие два автомобили на некој ѕид од вашата соба сигурно се големи

Тогаш малкумина се прашуваа што е подобро од едноставна причина затоа што имаше многу простор на престолот, па и никој не се жалеше да го дели со некој друг. Денес, кога речиси секој бренд има свој адут, конкуренцијата е жестока и одлучуваат нијансите. Но, за да ја разбереме сегашноста, понекогаш треба да се вратиме во минатото.

YouTube каналот 888MF е посветен на пионерите во хиперспортскиот сегмент и одлучил да ги соочи Lamborghini Countach LP 5000 QV од 1986 година со две години помладата Testarossa. Моделот на Ferrari има поминато само 12.875 километри и на прв поглед делува далеку помирно од набилданиот Lamborghini кое веќе со дизајнот слути дека пука од сила.

Погледнете го видеото во прилог: