Дуел на два „лути“ hot-hatch модели: Mercedes-AMG A35 4Matic vs BMW M135i xDrive / ВИДЕО
Двата водечки германски премиум производители директно се спротивставени во многу класи на возила, а најновиот ривалитет е помеѓу Mercedes-AMG A35 4Matic и BMW M135i xDrive
Во светот на луксузните hot-hatch автомобили, A35 и M135i имаат истакнати позиции. Адутот на Mercedes во оваа класа е на пазарот веќе една година, a одговорот на BMW пристигна оваа есен.
Погонот на Mercedes-AMG A35 4Matic е 4-цилиндерски 2.0-литарски турбо бензинец со 306 КС (225 kW) и 400 Nm, додека кај BMW M135i xDrive за него е одговорен исто така 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор, со иста моќност, но со максимален вртежен момент повисока за 50 Nm од ривалот.
Погонската единица на Mercedes е спарена со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, додека BMW користи автоматски 8-степен менувач.
Двата автомобили имаат погон на сите тркала, а според фабричките податоци, адутот на Mercedes е за 0,1 секунда побрз при забрзување од 0 до 100km/h.
Според бројките на хартија, двата ривали се скоро еднакви, а магазинот CAR сакал да утврди кој автомобил e побрз во трка на четвртина милја (околу 400 метри). Не знаеме кој е вашиот фаворит, но за да видите кој е победник ќе треба да го видите видеото во прилог.