„Giulia има важна улога во D сегментот на лимузини. Но, дефиницијата за лимузина се развива, а ние ќе одиме со таа еволуција“.

Alfa Romeo проаѓа низ драматична трансформација која значително ќе го зголеми опсегот на модели и ќе ја претвори во бренд само на електричен погон, фокусиран на теренци до 2028 година. Тоа е далеку порано од премиум ривалите како BMW, Mercedes и Lexus. Компанијата тврди дека во сето ова се уште има место за лимузина, но се чини дека таа би можела многу да се разликува од онаа што ја знаеме денес.

Сегашните цели на Alfa се три нови кросовери кои ќе пристигнат во следните пет години, вклучувајќи го неодамна претставениот Tonale, сместен под Stelvio, и компактниот теренец наречен Brennero, кој ќе биде наменет за Европа и ќе биде првиот електричен SUV на марката.

Целосно новиот Stelvio се очекува Alfa да го претстави во 2026 година, а веќе следната година пристигнува автомобил со големина на BMW X5 .И двата автомобили ќе бидат достапни само со електричен погон.

Сепак, Alfa тврди дека овој фокус на теренците нема да значи и крај за Giulia. Таа ќе биде заменета во 2025 година со првиот електричен модел на Alfa за северноамериканскиот пазар, кој ќе ја користи новата платформа STLA Large EV на Stellantis. Сепак, се чини дека погонскиот агрегат не е сè што ќе биде различно кај новата Giulia, судејќи според она што го вели северноамериканскиот шеф на компанијата Лери Доминик.

„Продажбата на седаните во мејнстрим секторот нагло опадна“, признава Доминик, „но обемот на премиум седаните остана ист и сè уште е доста силен. Сè уште веруваме дека пазарот на лимузини е важен, така што Giulia има важна улога во сегментот D на лимузини и ние ќе бидеме вклучени. А она што го рече Жан-Филип Импарато е дека дефиницијата за лимузина се развива и ние ќе одиме заедно со таа еволуција на лимузината“.

Доминик одбива да објасни како точно ќе се развива следната Giulia, но има неколку трендови кои Alfa би можела да ги следи за да ја задржи релевантноста на својот седан со четири врати на пазарот кој е луд по кросовери и теренци. Првиот е Giulia да се претвори во ниско поставен спортски кросовер.

Можно е дури Alfa да ја направи Giulia еден вид купе верзија со четири врати на следниот Stelvio на начин на кој Škoda сега го нуди фастбекот Enyaq Coupe покрај обичен теренец Enyaq.