Германската марка претстави нов модел за дополнување на своето кампер портфолио, а станува збор за модел базиран на Caddy

Најголемите светски производители како да го препознаа јакнењето на сегментот на подвижни домови во последниве години, па се повеќе се вмешуваат во овој сегмент со понуда на сериски мали и средни кампери. Volkswagen е особено активен, па Caddy California само ја заокружува понудата на германскиот бренд.

Овој модел како основа ја користи петтата генерација на Caddy и е дизајниран како мал кампер за парови без деца или со мали деца. Caddy California може да се пофали со мала кујна, сместена во багажниот дел од возилото, како и со голем панорамски покрив. Кога станува збор за спиење во возилото, со преклопување на седиштата се добива рамна површина од скоро два метри во должина.

Volkswagen со возилото нуди и нов шаторски систем кој е совршено комбиниран со возилото, но овој шатор е дел од опционалната опрема. Германскиот производител Caddy California ќе го понуди во две верзии – основната ќе има меѓуоскино растојание од 4.501 mm, додека втората варијанта ќе има повеќе простор меѓу двете оски – 4.853 mm.

Кога станува збор за погонот, во употреба се две TDI единици, од кои послабиот дава 75 КС, а помоќниот е 122 КС, а купувачите може да избираат и помеѓу погон на предните тркала или сите четири тркала.

Според сегашните информации, Caddy California првично ќе биде достапен само во Европа.