HYUNDAI објави најавни фотографии од новитетот, чија премиера треба да се случи кон средината од овој месец

Станува збор за четвртата генерација на Tucson. И тука престанува секоја сличност со претходникот. Hyundai реши да ги шокира своите фанови со сосема нов изглед со огромна решетка и уште по„застрашувачки“ фарови. На предната страна, тоа се Parametric hidden lights, а на задната страна, LED светлосни групи поврзани со хоризонтална лента.

Скицата од ентериерот е исто така подеднакво интересна. Екраните на допир доминираат, а копчиња скоро и да нема.

Поголем и забележително поатрактивен од неговиот претходник, новиот Tucson исто така ќе биде технолошки понапреден. За повеќе информации, сепак, ќе треба да бидеме трпеливи до 14 септември и (дигиталната) премиера.