Актуелната генерација на кросоверот со ознака Honda HR-V, своето деби го имаше пред осум години. На јапонскиот пазар е познат како Honda Vezel, a на некои други важни пазари како Русија никогаш и не се појавил

Откако премиерно беше покажан, кросоверот HR-V неколку пати помина низ третман на „затегнување на брчките“, но годините не можат да се сокријат па компактниот теренец сè повеќе ја губи својата популарност меѓу клиентите на најважните пазари. Новите еколошки норми во Европската унија воопшто не и се допаднаа на управата на јапонскиот гигант, па затоа и го повлече од некои пазари во декември.

Како и да е, Honda се подготвува следниот месец да ја претстави третата генерација на кросоверот, па следствено јапонскиот гигант ги објави и првите официјални тизери за мало зголемување на температурата пред премиерата.

Според официјалното соопштение за печат од Јапонците, на сликите се гледа Honda HR-V прилагоден на вкусот на просечен Европеец, што претпоставува дека SUV моделот ќе користи хибриден погонски систем уште од основната варијанта. Зад комерцијалната ознака e:HEV стои систем кој користи пар електромотори.

Новиот Honda HR-V ќе го најде патот и до изложбените салони во Америка, но овој пат во верзија со естетика и функционалност прилагодена за Американците. Ова значи дека моделот за овој пазар ќе се разликува од перформансите на европскиот кросовер по неколку прашања, вклучувајќи го и списокот на достапни погонски единици.

Официјалната премиера на третата генерација на компактниот теренец ќе се одржи на 18 февруари. Можно е Honda повторно да го претстави својот производ во форма на концепт, како што тоа го стори неодамна со многу популарниот Civic, но тоа не е сигурно. Британскиот магазин Autocar пишува дека производството на кросоверот од генерацијата во заминување е веќе стопирано, па затоа се верува дека Јапонците нема да го одложат почетокот на продажната офанзива на новитетот.