Американскиот бренд успеал да го надмине дури и Mercedes-Benz

Минатата година, американскиот бренд добил најмногу допаѓања на социјалната мрежа Facebook, надминувајќи ги сите други брендови, вклучувајќи го и Mercedes-Benz.

Ова главно се должи на моделите Challenger и Charger со високи перформанси, кои се привлечни за љубителите на автомобилите. Експертите проценуваат дека во 2018 година Dodge имаl 408 постови на Facebook, а собрал 461.187 допаѓања. Најблискиот ривал, Mercedes-Benz, има 382.629 допаѓања.

Ова покажува дека таканаречените muscle-cars на Facebook се многу интересни. Најинтересно во овој случај е тоа што другите производители и компании имаат многу повеќе постови, но сепак заостануваат зад Dodge, што го докажува правилото дека квалитетот е поважен од квантитетот.