Шведскиот производител на суперавтомобили Koenigsegg објави спектакуларни фотографии од својот нов модел Jesko

Jesko блеска како фотомодел на фото сесија во Швајцарија, кои кога ќе ги видите се прашувате што е подобро –  автомобилот или околината?

Наследникот на Agere RS се придвижува со 5.0-литарски twin-turbo V8 со 1.280 КС за бензинската и 1.600 КС за етанол Е85 верзијата.

Koenigsegg до премиерата во Женева минатиот месец продал 83 примероци од Jeskо, а останатите 42 примероци од 125 единици сеуште не се направени.

Веќе се планирана и посилна верзија – Jesko 300, којa наводно ќе развива најмногу до 483 km/h.