Доделени првите енергетски ознаки за електрични автомобили: Tesla Model 3 најдобар!
Новиот систем за оценување на електричните автомобили ги рангира BMW i4 и Tesla Model 3 како најефикасни модели, додека Audi и Mercedes се на самото дно од листата
Веб порталот Electrifying.com од Велика Британија, направил нова листа наречена E-Rating со која за прв пат електричните автомобили се рангираат според тоа колку ефикасно ја користат електричната енергија.
Целта на новиот метод на вреднување е да им обезбеди на потрошувачите јасна претстава за тоа кои електрични автомобили се подобри за нивните финансии. Покрај тоа, во Велика Британија има разлика од приближно 583 евра во годишните трошоци за полнење помеѓу најдобрите и најлошите автомобили. Рангирањето доаѓа во вистинско време, бидејќи кога станува збор за автомобилите со бензински и дизел мотори се знае точно колку трошат, додека за електричните не постои индустриски стандард кој ќе им помогне на возачите да ја разберат вкупната ефикасност на идниот свој автомобил. Избран е систем сличен на енергетските ознаки за, на пример, машини за перење или фрижидери.
На пример, се оценува колку добро електричната енергија се претвора во километри на патот, но и брзината со која може да се полни батеријата, како и дали автомобилот има функции за минимизирање на потрошувачката на енергија, како што се топлински пумпи, интелигентна енергија за сопирање. обновување и контрола на климата.
Досега само BMW i4 и Tesla Model 3 имаат добиено максимална оцена А ++. Доказ дека скапите електрични возила не се секогаш подобри е Mercedes EQS кој чини повеќе од 100.000 евра и го има истиот рејтинг А + како и евтините Citroen Ami, Renault Twizy или Seat Mii. На самото дно на листата е Mercedes EQV како единствен патнички автомобил со најниска Е-класификација досега. Нешто подобро поминале Audi e-tron и Mercedes EQC со оценка „D“.
Е-оценки за електричните автомобили:
A++
- Tesla Model 3
- BMW i4
A+
- Hyundai Ioniq
- Citroën e-C4
- Fiat 500e
- Hyundai Kona Electric
- Mercedes EQS
- Kia EV6
- Peugeot e208
- Seat Mii
- Tesla model Y
- Opel Corsa-e
- Citroën Ami
- Volkswagen ID.3
- Renault Twizy
- Hyundai Ioniq 5
A
- Audi Q4 e-tron
- BMW iX3
- DS3 Crossback
- Ford Mustang Mach-e
- Kia e-Niro
- Kia Soul
- Peugeot e2008
- Renault Zoë
- Škoda Enyaq
- Smart ForTwo EQ
- Tesla model S
- Tesla model X
- Opel Mokka
- Volkswagen ID.4
B
- Audi e-tron GT
- BMW i3
- Mercedes EQA
- MG MG5 EV
- MG ZS EV
- Nissan Leaf
- Polestar 2
- Volvo XC40 Recharge
C
- Honda e
- Jaguar i-Pace
- Lexus UX300e
- Mazda MX-30
- Porsche Taycan
- Rimac Nevera
- Citroen e-Spacetourer
- Opel Vivaro-e
D
- Audi e-tron
- Mercedes EQC
E
- Mercedes EQV