Оваа година ни доаѓа новата Škoda Fabia, а шпионските фотографии покажуваат возило кое е скоро целосно откриено

Предниот дел јасно укажува на веќе дефинираниот дизајнерски јазик на компанијата, додека задниот дел е направен според други модели на Škoda, како што се Superb или Octavia. Имено, овој дел од возилото е најмногу камуфлиран и во него се кријат издолжени светла.

Што се однесува до верзиите, понудата ќе вклучува каросерија со пет врати, во класична форма и караван кој на пазарот ќе се појави на крајот од 2022 година. За моторите сè уште не се знае многу, но може да се шпекулира. Еден од нив ќе биде благ хибриден 1.0 TSI e-Tec со 110 КС, од Octavia.

Основниот мотор би можел да биде 1.0-литарски со 80 КС од Polo, а потоа и веројатно 1.0 TSI со 95 КС. На врвот може да се најде 1.5 TSI со 150 КС.

Не треба да се очекуваат дизели, а можно е новата Fabia да добие и верзија 1.0 за моторот, но со природен гас.