Доаѓа и Volkswagen ID.5
Германската марка полека, но сигурно ја проширува својата палета на електрични автомобили
Во продажните салони наскоро доаѓа сосема нов модел
Станува збор за Volkswagen ID.5 или уште еден кросовер. Овој пат, во купе стил или малку похрабра дизајнерска варијанта на ID.4. Главната разлика е во редизајнираниот заден дел на каросеријата. ID.5 ќе има јасно наклонета линија на покривот, шофершајбна под поголем агол и оптички отсечена задна врата со спојлер.
Што се однесува до погонските системи, можете да се очекува истото како и во „четворката“. Ова значи дека основата може да биде верзија од 201 КС со батерија од 58 kWh. Volkswagen ID.5 GTX би требало да ги понуди истите спецификации како и кај VW ID.4 GTX односно два електромотори кои произведуваат 300 коњски сили, погон на сите тркала (6,2 секунди до 100 km/h) и батерија од 77 kWh што овозможува автономија до 480 километри.
Датумот на официјалната премиера на автомобилот не е објавен, но извесно е дека тоа ќе се случи оваа година – третиот или четвртиот квартал.