Корејскиот производител најави дека наскоро ќе ја претстави освежената верзија на својот компактен SUV модел, како во стандардна, така и N Line верзија

Автомобилските производители ретко се одлучуваат за поголеми стилски интервенции кога станува збор за рестилизација на одреден модел. Сепак, ако се суди според првите тизер фотографии, тогаш Hyundai во овој случај решил да направи нешто пообемна модернизација на надворешноста на моделот Kona.

Иако се прикажани само делумно затемни детали од предниот дел на возилото, може да се забележат новите светлосни групи и значителни промени во дизајнот на маската на ладилникот и браникот.

Тука се и новите LED светла за дневно возење, а првиот впечаток е дека автомобилот сега има подинамичен изглед.

Стандардната верзија повеќе го нема оној тенок пресек помеѓу предната маска и хаубата, додека верзијата N Line има три помали отвори во тој дел. N Line верзијата од обичната Kona се разликува и во обликот на предниот браник, кој изгледа поагресивно.

Покрај тоа, амблемот на корејскиот производител кај стандардната Kona се наоѓа на површината над маската, додека кај N Line верзијата е на централниот дел од предната маска.

Повеќе детали за освежената верзија на овој SUV модел ќе бидат познати во наредните недели, кога се очекува и официјална премиера.