Доаѓа електричниот Peugeot Partner / ФОТО
По моделот e-Expert, на европскиот пазар пристигнува уште едно лесно електрично возило од Peugeot.
Станува збор за e-Partner, електрична варијанта на последната генерација на овпј мал ван.
Автомобилот е поставен на модуларната механичка платформа EMP2 и користи електричен мотор од 136 КС (100 kW), додека максималниот вртежен момент е 260 Nm. Peugeot e-Partner забрзува од 0-100 km / h за 11,2 s, додека крајната брзина е 130 km / h. Електричната енергија се чува во литиум-јонска батерија со капацитет од 50 kWh.
Францускиот производител тврди дека автономијата на возење со едно полнење е околу 275 км, измерена според стандардот WLTP. Батеријата може да се наполни целосно за 5 часа, ако се користи полнач за на ѕид од 11 kW, или за 30 минути од 0 до 80% капацитет, ако се полни на брз полнач од 100 kW.
Возачот може да избере помеѓу три однапред дефинирани режими на возење: Eco, Normal i Power.
Ако изберете режим Eco, , моќноста на автомобилот е ограничена на 82 КС (60 kW) и максималниот вртежен момент до 190 Nm, но економичноста на возењето е најголема. Во случај на режим Normal, достапни се 109 КС (80 kW) и 210 Nm, додека режимот за напојување обезбедува максимална моќност од 136 „коњски сили“.
Исто така, постојат два режима на сопирање, Moderate и Augmented, од кои вториот обезбедува максимална рекуперација на енергијата од сопирачките.
Клиентите можат да изберат помеѓу пократка (4,4 m) и подолга (4,75 m) варијанта на каросеријата, а максималниот употреблив волумен на товарниот простор е 4,4 m3. Товарот е 800 килограми, а e-Partner може да влече приколка со тежина до 750 килограми.
Peugeot e-Partner ќе пристигне во европските салони оваа година, а цената сеуште не е позната.