Градот во кој се наоѓа седиштето на две големи германски автомобилски компании, Mercedes и Porsche, од 1 јануари следната година става забрана за автомобили со дизел мотори со Euro 4 спецификации и постари

Потсетување дека претходно оваа година, градските власти на Хамбург, вториот по големина град во Германија, одлучија да забранат сообраќај на некои централни улици за дизел мотори кои не го исполнуваат Euro 6 стандардот, што практично се однесува на сите дизел мотори произведени пред 2014 година.

Штутгарт е, барем за почеток, е нешто „поблаг“ кон дизелите. Засега, само забраната се однесува само на дизел моторите со Euro 4 спецификација и постари. Сепак, ако мерката не донесе задоволителни резултати во форма на намалување на загадувањето на воздухот или ако концентрациите на азотни оксиди не се намалат до дозволените количини до средината на 2019 година, од јануари 2020 година забраната ќе биде проширена и за возилата со дизел мотори со Euro 5 спецификации.

Дизел моторите кои го исполнуваат стандардот Euro 5 се произведуваат од 2009 година, а оние со стандард Euro 6 од 2014 година.