Што мислите, кој од овие таканаречени hot hatch модели најдобро забрзува?

Овие три „жешки автомобили“се дефинитивно најдобрите претставници на својот сегмент, и сите имаат погон само на предните тркала.

Најмоќен, но, исто така, и најлесен меѓу нив е Honda Civic Type R. Под хаубата крие мотор со четири цилиндри и работен волумен од два литри со турбополнач, кој произведува 315 коњски сили (320PS) и вртежен момент од 400 Nm. Преносот е 6-степен рачен. Претставници на компанијата тврдат дека овој модел од 0-100 km/h забрзува за само 5,7 секунди, а неговата максимална брзина е 272 km/h.

Следниот е Hyundai i30N, првиот пристоен автомобил со многу „коњи“ од корејскиот производител. Под неговата хауба исто така се наоѓа турбо мотор со четири цилиндри и волумен од два литра, а развива 271 коњски сили (275PS) и 353 Nm вртежен момент во Performance варијанта. Претставници на компанијата тврдат дека овој модел од место до 100 km/h забрзува за 6,1 секунди и достигнува максимална брзина од 250 km/h.

Последен, но не и најмалку важен е поранешниот неприкосновен крал во сегментот, моделот Renault Megane RS, кој под хаубата крие 4-цилиндерски турбо мотор со зафатнина од 1.8 литри, а кој развива 276 коњски сили (280PS) и 390 Nm вртежен момент. Францускиот „жежок автомобил“, според официјалните податоци, од од 0-100 km/h забрзува 5,8 секунди и достигнува максимална брзина од 255 km/h.