Џереми Кларксон објаснува зошто Lexus LFA е најдобриот автомобил кој некогаш го возел / ВИДЕО
Седејќи во градината на еден лондонски паб, Џереми Кларксон објаснува зошто Lexus LFA е неговиот фаворит за најдобар автомобил што некогаш го возел. На свој познат начин, без немал влакна на јазикот
Во основа, тој го потврдува она што го знаат сите, а тоа е дека V10 моторот звучи навистина моќно, нешто што не може да се добие од електричните автомобили. Кларксон смета дека резервоарот на предводникот на Lexus е премногу мал и има комплицирани безбедносни ремени, но овие недостатоци не можат да го намалат задоволството на една вака фасцинантна машина.
Како потсетување, LFA под капакот на моторот крие 4.8-литарски атмосферски V10 со 560 КС и 480 Nm. И покрај големиот работен волумен, во црвено се влегува на високи 9.000 вртежи во минута, како и што му доликува на овој расен „Јапонец“. Toyota и Yamaha со заеднички сили се „виновниците“ за развој на овој мотор.
Производството на LFA, Lexus го заврши во 2012 година, а компанијата имаше потешкотии да најде купувачи за серијата од 500 примероци. До јули 2019 година, продадени се три нови примероци во САД (се мисли за оваа година), така да во салоните се наоѓаат уште четири.