Германската тјунерска куќа AC Schnitzer ја применила својата „магија“ на еден од најпопуларните мали спортски автомобили – BMW M2

Модифициран е моделот M2 Competition, кој има вистински M-мотор, 6-цилиндерски S55 twin-turbo кој е позајмен од постарите браќа M3 и M4, но логично ослабен за овој помал модел.

AC Schnitzer направил неколку подобрувања, а веќе на прв поглед може да се забележат специјалните тркала од лесна легура, сплитерите и спојлерите од јаглеродни влакна.

Loading...